spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Одржана средба на Државната комисија за спречување на корупцијата со Министерот...

ДКСК: Одржана средба на Државната комисија за спречување на корупцијата со Министерот за правда, Тупанчевски

На 25.02.2022 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), ДКСК оствари средба со Министерот за правда во Владата на Република Северна Македонија д-р Никола Тупанчевски.

Средбата се одржа на барање на ДКСК, со цел запознавање на Министерот за правда со членовите на ДКСК како и со тековните и планираните активности на ДКСК поврзани со извршување на нејзините законски надлежности.

На средбата ДКСК информираше за тековните активности за изготвување на првиот годишен извештај за спроведувањето на мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година. Воедно, министерот Тупанчевски беше информиран дека од страна на ДКСК до Собранието на Република Северна Македонија е доставен Посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања за локалните избори 2021 година и дека се започнати активностите за изготвување на Годишниот извештај за работа на ДКСК за 2021 година.

ДКСК, исто така, информираше за соработката со другите органи и институции особено со Јавното обвинителство како и со кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задожен за политики за добро владеење. При тоа беше потенцирана важноста на соработката со Министерството за правда во насока на ефикасно спроведување на законските надлежности на ДКСК.

На средбата се дискутираше и за актиностите за изготвување на измените на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во насока на подобрување на примената на законот и отстранување на слабостите утврдени од страна на ДКСК во практичната примена на истиот. При тоа, заеднички беше констатирано дека е неопходно да се интензивира работата на работната група и да се отвори транспарентна јавна расправа со цел да се изготви квалитетно решение.

На средбата, стана збор и за имплементација на препораките на ГРЕКО односно за делот од препораките каде што е вклучена ДКСК.

На крајот на средбата, обострано беше истакнато  задоволството од одржаната средба и беше искажана подготвеноста за натамошна соработка.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

НУ Кинотека Македонија:

0
Почитиувани, Ви ја претставуваме конечната 8-дневна програма на овогодинешниот 15ти Фестивал на планински филм Ехо.Ден 1 **********18 октомври 2024, петокДом на АРМ20:00Отворање на Ехо...