spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Одржана обука на тема “Антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ”

ДКСК: Одржана обука на тема “Антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ”

Државната комисија за спречување на корупцијата стои на ставот дека процесот на континуирана едукација претставуваше и сеуште претставува еден од нашите клучните приоритети. Едукацијата директно придонесува кон воспоставување на  транспарентен, ефикасен, економичен и одржлив систем на превенција од корупција.

По барање упатено од Управата за извршување на санкциите, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, г-ѓа Билјана Ивановска, одржа обука на тема “Антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ”.

Обуката беше одржана во просториите на КПУ “Идризово”, каде слушатели беа раководните лица на Управата за извршување на санкциите и казнено поправните установи, а со цел придонес кон развојот на пенитенцијарен систем како значаен сегмент од казнено-поправниот систем, со потребно знаење за постоење на превентивни мерки за спречување на корупцијата.

Воедно, на заедничко задоволство на претставниците на двете институции, беше заклучено дека е потребно интензивирање на соработката  и понатамошна размена на знаења и позитивни практики, со цел заеднички придонес кон борбата против корупцијата.

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...