Дигиталната писменост и иновациите беа теми на средбата меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Мехмет Баран-претседател на Фондацијата ,,Маариф“-Скопје, која спроведува образовни активности во нашата земја преку училиштата ,,Maarif International Schools“.
Во фокусот на разговорите беше важноста од користењето на дигиталните алатки за стекнување на вештини при процесот на учење, со оглед на тоа што употребата на технологиите и развојот на информатичките предмети го унапредуваат знаењето кај младите.
Министерот истакна дека е отворен за соработка и изрази подготвеност да помогне доколку е потребно. Воедно ја поздрави најавата на г-дин Баран дека во текот на оваа година во своите училишта ќе ги стават во употреба и лабораториите за информатика и роботика.
Соговорниците се согласија дека примената на дигитализацијата во ова модерно време е многу потребна, не само за образовниот процес туку и генерално, во насока на размена на искуства и олеснување на животот на сите граѓани.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација