Заменик министерот за надворешни работи, Фатмире Исаки, денес оствари средба со амбасадорот на Канада во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. г. Џајлс Норман,кој престојува во работна посета на Скопје.
На средбата беше потврден заедничкиот интерес на двете пријателски државиза натамошно унапредување на билатералната соработка, заснована наДекларацијата за соработка и стратешко партнерство, од јули 2018 година,со посебен акцент на економската соработка, како и за продолжување на успешната мултилатерална соработка, особеново рамките на ООН и Меѓународната организација на Франкофонијата.
Заменик министерот Исаки искажа благодарност за силната и континуирана поддршка од страна на Канада во однос на нашите Евроатлантски аспирации и особено, партнерството во рамките на НАТО Алијансата. Во тој контекст, амбасадорот Норман нагласи дека со полноправното членство во НАТО и со перспективата за отпочнување на пристапни ЕУ преговори, нашата земја веќе се легитимира како сериозен и кредибилен партнер кој значително придонесуваза мирот и безбедноста во регионот и пошироко.
Соговорниците се осврнаа на инвазијата на Руската Федерација врз Украина, при што најостро ја осудијасо ништо непредизвиканата агресија.Беше реафирмирана поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во границите од пред февруари 2014 година. Беше истакната потребата одитен прекин на воените активности и повлекување на руските сили, кои претставуваат силна закана за целокупната меѓународна безбедност.