spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Граѓанските организации се наши партнери во процесот на имплементација на климатските...

МЖСПП: Граѓанските организации се наши партнери во процесот на имплементација на климатските акции

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини имаше свое обраќање  на промоцијата на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, чија цел е да поддржува локални и национални акции и партнерства за климатска акција и справување со климатските промени.

Тој истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање досега има остварено задоволителен напредок во однос на климатската агенда на нашата држава, нагласувајќи ја улогата на невладините организации како клучни партнери во процесот на имплементација на климатските акции и климатските политики, како и при спроведувањето на стратегијата и усогласувањето на законите со директивите на Европската Унија.

На свеченото промовирање на проектот воведно обраќање имаше и амбасадорката на Шведска во Скопје, H.E. Kристин Форсгрен Бенгстон.

Проектот го спроведува проектен конзорциум од три партнерски организации предводен од Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе, а финансиски е поддржан од страна на Шведската меѓународна агенција за соработка-Sida, преку Шведската амбасада во Скопје.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...