На средбата беа разгледани круцијалните прашања за подобрување на материјалните и професионалните интереси на судиите, јакнење на судиската етика, достоинството и угледот на судиите и судиската функција.
Соговорниците истакнаа дека само со заеднички идеи и посветеност може да дојде до изнаоѓање решенија за унапредување и јакнење судскиот систем во Република Северна Македонија, а со тоа и зголемување на независноста и довербата на граѓаните во судството.
Извор: Министерство за правда