spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Домашна инвестиција на “Еликсир Дистрибуција”

Кисела Вода: Домашна инвестиција на “Еликсир Дистрибуција”

Инвестиција вредна преку 400.000 евра започна со реализација во индустриската зона во општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности кои започнаа во ноември, преку кои компанијата “Еликсир Дистрибуција” отвора капацитет на околу 1500 квадратни метри.

Се работи за добро позната компанија со триесетгодишно искуство, која во моментов има 50-тина вработени. Новите простории во кои ќе биде сместена административна зграда и магацини, ќе овозможат дополнителни 30 вработувања. И покрај тоа што го поседувале имотот во Пинтија, сопствениците, досега изнајмувале простор на други локации и не се одлучиле да инвестираат во сопствен објект.

Велат дека и самите се изненадени од брзината со која ја обезбедиле целокупната потребна документација за градење и дека очекуваат изградбата да ја завршат во октомври, што ќе се совпадне со нивниот триесетгодишен јубилеј.

– Со големо задоволство денес можам да констатирам дека добро напредува изградбата на оваа домашна инвестиција во општина Кисела Вода која ќе донесе нови вработувања и претставува чекор во напред во локалниот економски равој на овој дел од Скопје. Ваквите инвестиции, за кои сакам да најавам дека ќе ги има во периодот што доаѓа пред нас, значат целосна промена на имиџот на Општина Кисела Вода. Од моја страна, како градоначалник, и говорејќи во име на локалната самоуправа, ги охрабрувам сите компании, домашни и странски, да немаат страв да инвестираат и дека секој оној кој сака да гради и притоа да ги почитува законски предвидените процедури, ќе има целосна поддршка. Воедно, предвидените инвестиции на Општина Кисела Вода во подобрување на инфраструктурата, ќе им овозможат на компаниите подобри услови за работа. На овој начин, заеднички, ќе дадеме значаен влог во унапредувањето на општината, во подобрување на деловната клима, во нејзиниот економски раст и намалување на невработеноста, како една од најголемите болки на нашата држава-изјави градоначалниот Ѓорѓиевски.

Инаку, објектот што го гради компанијата “Еликсир Дистрибуција”, ќе биде целосно енергетски ефикасен. На покривот се планира да бидат поставени фотоволтаични ќелии, фасадата ќе биде термоизолациона, а за греење и ладење ќе се користат еколошки воздушни пумпи.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте