Мерката самовработување следејќи ги податоците од 2018 година до сега, дава добар резултат и најголем дел од фирмите кои што се формирани со поддршка на оваа мерка се одржливи,“ рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со одржливоста на компаниите формирани преку мерките од Оперативниот план за активни мерки и програми на Министерството за труд и социјлана политика, чиј имплементатор е Агенцијата за вработување.
Таа информираше дека процентот на активност на овие компании досега е 74.2%, а од компаниите кои што се формирале во 2019 година, 82.3% се сеуште активни. Додека пак за компании формирани во 2020 година и 2021 година, согласно податоците имаат активност од високи 99.8 %.
Министерката Тренчевска зборуваше и за законското решение со кое недела е ден за неделен одмор, неговата практична примена и почитување на истото. Притоа, таа посочи дека, според податоците од Државниот инспекторат на труд, кој ја врши контролата на законското решение недела- ден на неделен одмор, најголем дел од работодавачите го почитуваат законското решение.