Претседателот на ССМ Дарко Димовски и Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот во ССМ, одржаа состанок со вработените и Синдикалната организација во ЗК Пелагонија на кој се дискутираше за актуелната состојба во комбинатот, проблемите и предизвиците со кој се соочуваат работниците.
Беше одржан состанок и со правниот застапник и претставникот на работодавачот ЗК Пелагонија на кој беа презентирани барањата на работниците во поглед на новите договори за вработување .
Со помош на ССМ и АГРО синдикатот, работниците добија нови договори за вработување во кои составен дел се и нивните забелешки, а работодавачот изврши и корекција на основната плата во Договорите за вработување на неопределено време и со тоа се започнува со скалесто зголемување на платите на работниците согласно зголемувањето на минималната плата, а со помош на ССМ, работодавачот ЗК Пелагонија е еден од првите кој ги покачува платите согласно растот на минималната плата.