Општина Петровец се приклучи и даде силна подршка кон иницијативата Исчисти ја планината – Македонија. За таа цел на 19.03.2022 година во соработка со Извидничкиот Поречански одред Јадран-Скопје, се изврши чистење на диви депонии во атарот на н.м Брезица. Во акцијата учествуваа педесетина учесници и шест општествено одговорни компании со своја механизација.
Во рамките на акцијата беа целосно исчистени 4 диви депонии, со вкупно собрани 160 метри кубни отпад. На акцијата присутни беа Претседателот на Советот на Општина Петровец г-дин Блаже Никчевски, советникот г-дин Златко Ацевски и директорот на ЈКП-Петровец г-дин Андрејчо Гроздановски. Општина Петровец останува цврсто на својата заложба за чиста и здрава животна средина, со превземање на конкретни чекори кои водат кон реализација на таа цел.
Извор: Општина Петровец