spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион за изработка на Просторен...

МЖСПП: Состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион за изработка на Просторен план на РСМ

Како дел од подготвителните активности за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска вчера во Струмица оствари координативна средба и со градоначалниците од Југоисточниот плански регион.

 

Целта на средбата беше да се запознаат градоначалниците со визијата, но и подетално со целиот процес на изработката на новиот Просторен план, фокусиран на одржливиот и рамномерен развој, адаптацијата кон климатските промени и новата урбана агенда.

Потенцирајќи дека разбирањето на потребите и просторниот потенцијал на планските региони е неопходно за реално претставување на планските мерки и креирање на одржливи плански решенија, заменик министерката на состанокот го истакна и значењето на активната партиципација на регионалните и локални фактори на развој, како и на соработката меѓу планските региони и општините, кои во рамки на сопствените стратегии и планови ги изразуваат своите визии за иден развој на просторот.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...