Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување и подобрување на комуникациските вештини преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки со кои ќе ги надминат полињата на недоразбирање – бариерите при комуникацијата; да употребуваат техники на слушање и поставување прашања; да применуваат начини на кажување НЕ; да употребуваат асертивна комуникација на работното место, како и во приватниот живот; и да препознаат непродуктивни стилови на комуникација од самите себе и од другите, а и да применуваат алатки и техники за надминување на можни бариери, со цел ефективна и непречена комуникација и друго.
Опфат – теми
- Што е комуникација – дефинирање на комуникацијата
- Видови комуникација
- Интерперсонална комуникација
- Комуникациски циклус
- НЛП-комуникациски модел и примена
- Филтри при комуникација
- Полиња на недоразбирање – бариери во комуникацијата
- Совладување и надминување на бариерите во комуникацијата
- Што е вешт комуникатор?
- Поставување прашања
- Вештини на слушање
- Градење однос (Rapport)
- Вербална и невербална комуникација
- Говор на телото и гестикулации
- Петте комуникациски стила
- Асертивна комуникација
- Начини како да се каже НЕ
- Фидбек (двонасочна повратна информација) – начини и потреба
- Подобрување на комуникациските вештини
- Друго
Целна група
Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
- Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа, во период од 1 недела.
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686