Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување вештини за управување со проекти преку користење соодветни техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: самостојно да дефинираат фази на проектот; да дефинираат општи цели, посебни цели, како и резултати и активности на проектот; да извршат алокација и да управуваат со проектни ресурси; да подготват и да управуваат со проектен буџет; да утврдат и да управуваат со критична патека; да вршат мониторионг и евалуација на проект; да подготвуваат извештаи за проекти; да затворат проект; и друго.
Опфат –теми
- Што е проект?
- Проектен циклус и фази
- Логичка рамка
- Идентификување на главен проблем
- Анализа на засегнати страни
- Анализа на проблеми (дрво на проблеми)
- Анализа на цели (дрво на цели)
- Анализа на стратегии
- Вовед во матрица на логичка рамка
- Вертикална логика на интервенција – општа цел, цел на проектот, резултати и активности
- Надворешни фактори – Претпоставки и предуслови
- Хоризонтална логика на интервенција – индикатори и извори на верификација
- Временска рамка на активности
- Управување со проектни ресурси
- Раководење со проекти
- Утврдување на критична патека (Critical Path)
- Основни елементи на проектен буџет – креирање буџет
- Мониторинг и евалуација на проект
- Извештај за проект
- Проектен дизајн
- Работа со повеќе проекти
- Затворање на проект
- Користење алатки (Gantt Chart, PERT Chart)
Целна група
Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или пак ќе работат како менаџери на проекти, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на управување.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при секојдневното работење ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- Обуката е дводневна. Вкупно 12 часа. Два дена по 6 часа, при физичко присуство
- Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува еднаш неделно во период од 4 недели.
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686