Претставници од повеќе институции од регионот учествуваа на шестата регионална конференција „Градиме мостови во образованието за возрасни“, во Црна Гора, ЕПАЛЕ центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност зеде учество на панел-дискусијата „Одржлива иднина на образованието на возрасните – патот на развојот во земјите од регионот“.
Учесници на панел-дискусијата беа:
Љупка Ќурчиева, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Република Северна Македонија
Наташа Поточник, Андрагошки центар, Република Словенија
Миле Живчиќ, Агенција за стручно образование и образование на возрасни, Република Хрватска
м-р Свјетлана Тубиќ, Центар за доживотно учење, Филозофски факултет, Универзитет во Бања Лука, Босна и Херцеговина
Фикрије Зимбери, Агенција за образование, стручно и образование на возрасни, Република Косово
Љиљана Гариќ, Центар за стручно образование, Црна Гора
Милијана Дабовиќ, Центар за стручно образование, Црна Гора
Модератор: Гордана Бошковиќ, Центар за стручно образование, Црна Гора.
Извор: Националната агенција за европски образовни програми и мобилност