spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Градоначалничката Арсовска на средба со амбасадорот на Полска, Тицињски

Град Скопје: Градоначалничката Арсовска на средба со амбасадорот на Полска, Тицињски

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со амбасадорот на Полска Н.Е. Војциех Тицињски.

На средбата стана збор за проектите што се приоритет во работењето на градската администрација, со посебен осврт на зелената транзиција, подигањето нови мега паркови и активностите што се преземаат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина.

Арсовска и Тицињски разговараа и за можностите за продлабочување на соработката меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Полска, за развој на туризмот во Скопје и зголемување на бројот на туристи од Полска, привлекување странски инвестиции со оглед на фактот што Полска е единаесетти трговски партнер на Македонија.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...