Можностите за соработка, актуелните проекти и предизвиците кон дигитализацијата беа темите на кои се разговараше на средбата меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Јарослав Лудва.
Заблагодарувајќи му се на амбасадорот за средбата, министерот Алити го информираше дека посветено работиме во рамките на реформскиот процес, за промовирање на повисоки стандарди и поефикасни услуги за граѓаните.
Двајцата соговорници се согласија дека соработката ќе продолжи и во иднина.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација