spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Интензивни активности на ЈП„Охридски Комуналец”

Охрид: Интензивни активности на ЈП„Охридски Комуналец”

ЈП „Охридски Комуналец” деновиве реализира интензивни теренски активности за уредување и чистење на јавните површини.

Екипите на работната единица „Паркови и зеленило“ вршат засадување на нови цветни насади на повеќе локации во градот и покрај пешачката патека до Горица. Исто така, се спроведуваат активности за прихрана на тревниците и дрворедите како и обновување на зелените површини.

По должина на улицата „Питу Гули“ се спроведуваат активности за уредување на дрворедот.

Во зависност од потребите, секојдневно се врши подигнување на кабаст отпад, кој несовесни граѓани го исфрлаат на несоодветни места.

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...