spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМП: Министерот Тупанчески оствари средба со претставници на Националната Конвенција за ЕУ

МП: Министерот Тупанчески оствари средба со претставници на Националната Конвенција за ЕУ

Во просториите на Министерството за правда, министерот Тупанчески оствари средба со претставници на Националната Конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) и тоа: координаторката на Конвенцијата, проф. д-р Милева Ѓуровска, копретседавачот од Европското движење во Република Северна Македонија, Мухамед Халили, координаторката на РГ-3 – Правосудство и фундаментални права, проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова и копретседавачката од Министерството за правда.
Националната конвенција за ЕУ претставува платформа која дава можност поширок круг на субјекти од научните и стручните кругови, граѓанскиот сектор и надлежните институции на државата да бидат дел од овој демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со Пристапните преговори за членство во Европската унија.
На средбата беше потврдена долгогодишната успешна соработка меѓу НКЕУ-МК и Министерството за правда и потврдена заложбата за нејзино продолжување и натамошна поддршка во доменот на реформите и градењето на правната држава, а беше разговарано и за претстојната сесија на РГ-3 која е планирано да се одржи во месец мај, оваа година.

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...