spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваБесими: Финансирање на мерките за ублажување на ефектите од постојната криза, сo...

Бесими: Финансирање на мерките за ублажување на ефектите од постојната криза, сo задржување на контурите на фискална консолидација во услови на раст на цените и каматните стапки

На крајот на јануари државниот и јавниот долг се намалија неколку проценти поени во однос на нивото од 2020 година и изнесуваат 48,7% и 57% соодветно. Во собраниска процедура е Законот за буџети со кои се пропишува лимит за јавниот долг од 60%. ММФ проценува дека за земјите од регионот 70% е нивото на долг кој нема да го загрозува економскиот раст. Намалување на буџетскиот дефицит, во насока на стабилизирање на долгот е политика која ќе се спроведува на среден рок, додека на кус рок, фискалната политика ќе се концентрира на заздравување на економијата и поддршка на стандарот на граѓаните, пишува во најновата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими.

 

„Според проценките на Меѓународниот монетарен фонд и на експертите за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, прагот од 70% нема да делува негативно на економскиот раст на овие економии. Нашиот јавен долг е далеку под овие прагови. Според последните податоци за државниот и јавниот долг кај нас, на крајот од јануари годинава тие изнесуваат 48,7% и 57% соодветно. Гарантираниот долг изнесува 7,95%. Во однос на крајот на 2020 година, ова е намалување од 4 процентни поени кај јавниот долг и 3,2 процентни поени кај државниот долг. Инаку, според фискалните правила дефинирани како Мастришки критериуими, кои веќе се составен дел на предложениот Закон за буџети, кој е во собраниска процедура, предвидуваат прагови од 60% за долгот на општата влада и 15% гарантираниот долг како процент од БДП, според кои кумулативно јавниот долг може да достигне ниво од 75% од БДП. Секако, во новиот предлог закон за буџети се дефинира и буџетскиот дефицит да не надмине ниво од 3% од БДП“, пишува министерот за финансии.

Тој посочува дека согласно ревидираната Стратегија за јавен долг 2022-2024 (со изгледи до 2026 година) очекувањата беа дека 2021 година ќе ја завршиме со јавен долг од 61,2% и државен долг од 52%. Сепак, остварувањата се нешто пониски од оваа проекција. За годинава очекувањата за јавниот и државниот долг согласно Стратегијата е дека истите ќе изнесуваат 63,5% и 53,4%, но мора да се има предвид и пониската стартна основа, како и новонастанатите случувања со Украина.

„Годинава, согласно Буџетот за 2022, за финансирање на буџетскиот дефицит и на обврските кои достасуваат за отплата на странскиот и домашниот пазар потребни се 894,9 милиони евра (од кои 545,2 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит, 186 за отплата на надворешен и домашен долг и 164 милиони евра за отплата на камати). Изворите од кои ќе се финансираат овие потреби се државните хартии од вредност на домашниот пазар во износ од 350 милиони евра, еврообврзница која е иницијално планирана на сума од 250 милиони евра, заеми од меѓународни институции за финансирање проекти во износ од околу 95 милиони евра и користење на депозитите во износ од околу 203 милиони евра. Притоа, како што понатаму во текстот објаснува, за поддршка на стопанството и избегнување на евентуална стагфлација, препорачливо е да се фокусираме на надворешни извори на финансирање, посочува Бесими.

Буџетскиот дефицит за 2022 е проектиран на 4,3%. Согласно фискалната стратегија 2022-2024 (со изгледи до 2026), се планира буџeтскиот дефицит да се намали на 3,5% во 2023 година, 2,9% во 2024 година, 2,5% во 2025 година и 2,2% во 2026 година. Согласно тоа, очекувањата за јавниот и државниот долг се дека до 2026 ќе се сведат до 56,5% и 50% соодветно.

„Фискалната консолидација е дел од нашата фискална стратегија. Се оди кон максимално рационализирање на расходите, со истовремено зголемување на развојната компонента на буџетот. Истовремено, се преземаат повеќе системски активности за зголемување на приходната страна – како мерките и активностите во борбата против сивата економија и подобрувањето на капацитетите на институциите за наплата на давачките“, вели министерот за финансии.

Тој посочува дека мора да се има предвид и новонастанатата ситуација со растот на цените на енергентите.

„Исто како и во ковид-19 кризата, доколку не се реагира на време, ќе има значајни социјални и економски последици. Досегашната реакција значи помалку даночни приходи и дополнително повеќе фискални издатоци за поддршка на граѓаните и фирмите. Оттука, најважно е да се продолжи со поддршка на закрепнувањето на економијата, бидејќи бавното и долго економско закрепнување може, исто така, да придонесе кон раст на јавниот долг како процент од БДП“, истакнува министерот за финансии во колумната.

Следни чекори остануваат ребалансот (со ревидирани макроекономски и фискални проекции), како и начинот на финансирање на мерките за ублажување на ефектите од постојната криза, а притоа да се задржи компонентата на раст на економијата, а во исто време да ги задржиме контурите за фискална консолидација на среден рок во услови на раст на цените и каматните стапки.

Бесими истакнува дека Владата е подготвена да презема и нови мерки во насока на заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на заздравувањето на економијата.

Прочитајте ја целата колумна на: https://finance.gov.mk/2022/04/02/123456-6/

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...