spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМТСП: Социјалната реформа донесе за 300% повисока Гарантирана минимална помош, зголемени социјални...

МТСП: Социјалната реформа донесе за 300% повисока Гарантирана минимална помош, зголемени социјални надоместоци и поширок опфат на корисници

Во однос на финансиската поддршка на ранливите категории, министерката во емисијата на ТВ ВИС, се осврна на социјалната реформа со која се воведе Гарантирана минимална помош (ГМП) која е за 300% повисока од претходната социјална помош.

 

„Во моментот има 36.000 домаќинства корисници на ГМП, 47.000 деца приматели на детски додаток и околу 30.000 ученици и студенти приматели на образовен додаток. Корисниците на ГМП и социјална пензија, добиваат по 1000 денари надоместок за енергенси. Трајниот надоместок за родител кој се грижел за своето дете до 26 години, изнесува 8.000 денари, правото за попреченост кај слепи лица изнесува 7.584 денари, кај лица со оштетен слух 4300 денари, посебен додаток кај деца со попреченост 5.360 ден, ако е едно дете, ако семејството е корисник на ГМП 6.706 денари и дете на самохран родител 8.047 денари,“ рече Тренчевска.

Притоа, сите износи на правата се усогласуваат со трошоците на живот еднаш во годината во месец јануари.

Таа зборуваше и за антикризните мерки кои Владата во време на пандемија дел ги насочи кон ранливите категории, но и сегашните 26 антикризни мерки во време на ценовни шокови како резултат на воената агресија на Русија кон Украина. Исто така, пензионерите добија раст на пензиите, согласно новата методологија, а минималната плата се покачи на 18.000 денари.

Сите овие мерки, рече Тренчевска, се потврда за грижата на Владата кон лицата кои спаѓаат во ранливите категории и лицата со пониски месечни приходи.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте