spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингПравила за наградната игра „Купувај со IutePay и добивај“

Правила за наградната игра „Купувај со IutePay и добивај“

Од 31 март до 15 мај купувај со IutePay и освој награда!

 

 

ОРГАНИЗАТОР

Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје на ул. 1732 бр.4, Ламела А/ДП бр.1 и ЕМБС 7221290, застапувано од Управителот Горан Василев

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Наградната игра се приредува со цел промовирање на мобилната апликација MyIute.

ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Името на Наградната игра е Купувај со IutePay и добивај.

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни лица – државјани на Р. Северна Македонија кои ќе купат одреден производ или услуга во партнерската мрежа на ИутеКредит Македонија, користејќи ја опцијата IutePay – купи сега, плати подоцна. Учесници во наградната игра се само лицата на кои ќе им биде одобрен кредит.

Наградната игра се организира и спроведува на територија на Република Северна Македонија.

Времетраењето на Наградната игра е од 31 март 2022 до 15 мај 2022 година.

ТЕРИТОРИЈА

Наградната игра се организира на територијата на Р. Северна Македонија.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ – НАГРАДЕН ФОНД

Наградната игра располага со следниот фонд на награди:

Бр. Награда Количина Поединечна вредност без 18% ДДВ Вкупна вредност со 18% ДДВ
1. Велосипед Трек Марлин 4 2022 Л цр 1 27.322,03 денари 32.240,00 денари
2. Kамера A.KAMERA DJI Osmo Action RH 1 13.558,47денари 15.999,00 денари
3. Часовник GPS WATCH GARMIN Forerunner 55 Black 1 11.007,63 денари 12.989,00 денари
4. Телефон SMARTPHONE XIAOMI Redmi Note 11 4+128GB 2 22.033,9 денари 26.000,00 денари
Вкупно 5 73.922,03 денари 87,228,00

*Одговорноста за исправноста на уредите како и гаранцијата паѓа на товар на добавувачот на уредот, согласно гарантното писмо кое доаѓа со него.

Вкупниот награден фонд за оваа Наградна игра изнесува 87.228,00 денари со вклучен ДДВ.

Во наградната игра нема да бидат доделени други награди. Замена на наградата со друга награда, со парична или друга противвредност не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност како замена на планираната награда.

Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награда во поголема вредност или од различен вид од назначената во Правилата од страна на Организаторот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети, изгубени или нецелосни  учества.

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни лица – државјани на Р. Северна Македонија кои ќе купат одреден производ или услуга во партнерската мрежа на ИутеКредит Македонија, користејќи ја опцијата IutePay – купи сега, плати подоцна. Учесници во наградната игра се само лицата на кои ќе им биде одобрен кредит.

Потврда за учество во наградната игра ќе биде потпишаниот договор за кредит кој клиентите го добиваат на својата е-маил адреса.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата info@iutecredit.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:

– веб страните на Организаторот: https://iutecredit.mk

– Facebook страницата на Организаторот: https://www.facebook.com/iutecreditmacedonia

Со самото учествово наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Извлекувањето на наградите ќе се врши по електронски пат, и тоа по случаен избор од системската база на податоци во која учествуваат клиентите кои ја искористиле платежната опција IutePay во дадениот временски период, и тоа на следниот начин:

Извлекувањето на наградите ќе биде на 16.05.2022 год. по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите одобрени кредитни апликации на начин и услови наведени погоре.

Извлекувањето на наградите на 16.05.2022 год.  ќе се спроведе во 12 часот, а ќе бидат доделени следните награди:

Бр. Награда Количина
1. Велосипед Трек Марлин 4 2022 Л цр 1
2. Kамера A.KAMERA DJI Osmo Action RH 1
3. Часовник GPS WATCH GARMIN Forerunner 55 Black 1
4. Телефон SMARTPHONE XIAOMI Redmi Note 11 4+128GB 2

При извлекување на добитниците, во исто време ќе се извлекуваат и резервни добитници, во случај ако некои од добитниците се откажат од добиената награда, односно доколку Организаторот не може да стапи во контакт со нив.

За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

– Претставници од Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Извлекувањето ќе биде во седиштето на Организаторот на на ул. 1732 бр.4, Ламела А/ДП бр.1 1000 Скопје-Центар, Република Северна Македонија.

НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ

Добитниците на Наградната игра ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите на:

– веб страните на Организаторот: https://iutecredit.mk

– Facebook страницата на Организаторот: https://www.facebook.com/iutecreditmacedonia

со објавување на нивното име, презиме и телефонските броеви на добитниците без последните две цифри (во формат: 07Х/1234ХХ).

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда на телефонскиот број оставен како контакт при поднесувањето на Барањето за кредит и по електронската пошта наведена во Барањето за кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Добитниците, наградите ќе ги добијат во рок од 60 дена од денот на објавување на наградите на горенаведените веб страници.

Добитниците на наградите се должни да ја подигнат наградата лично, во просториите на Организаторот пришто се должни да приложат и валиден документ за идентификација.

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.

Доделувањето на наградата може да биде јавен настан. Организаторот има право со нивна согласност да ги слика/снима добитниците на наградите со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УЧЕСТВО

Во Наградната игра е строго забрането да учествува лице кое е партнер или акционер, или е во работен однос или врз основа на друг договор за работа е поврзан со Организаторот или работи со реализација, обезбедување и администрирање на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случајно компјутерскоизвлекување на добитници, ќе се користат само референтиот број од апликацијата за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци. Со самото Аплицирање, односно со поднесувањето на Барањето за кредит преку мобилната апликација MyIute, подносителите на Барањето за кредитот учествуваат во наградната игра.

Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата info@iutecredit.mk.

Добитникот во наградната игра изрично се согласува дека Организаторот, до отповикување на дадената согласност од страна на добитникот, може да прибира, води, чува и обработува лични податоци на добитникот, за целите на оваа наградна игра.

Дадената писмена согласност за користење на личните податоци од страна на Организаторот, добитникот има право да ја отповика во секој момент, со доставување на барање, врз основа на кои личните податоци ќе се исклучат од понатамошното користење.

Од страна на Организаторот ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа наградна игра. Овластените лица своерачно ќе потпишат и Изјава за тајност и заштита на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.

Организаторот на наградната игра се обврзува дека ќе ги обработува и чува податоците во период од 3 месеци по завршувањето на наградната игра. После тоа сите документи кои содржат лични податоци ќе бидат уништени од страна на лице определено од Организаторот,  согласно процедурата на Организаторот за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци.

ПРЕКИНУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја.

Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.

ПОТЕНЦИЈАЛНИ СПОРОВИ

Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежни се соодветните судови во Скопје.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРАВИЛА

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

Сите заинтересирани може да добијат примерок од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на Организаторот.

Организатор:

Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Управител

Горан Василев

 

 

 

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...