spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиШтрајк во Пошта

Штрајк во Пошта

Сојузот на синдикатите на Македонија обезбеди целосна поддршка на Синдикалните организации на АД „Пошта на Северна Македонија“ кои во ССМ донесоа одлука за започнување на генерален штрајк во АД Пошта.

 

Поради неуспешниот трипартитен дијалог помеѓу Управниот одбор на Пошта на С.Македонија , Владата на РСМ и Синдикалните организации на Пошта на С.Македонија, и нереализирање на барањата на вработените и Синидикалните организации на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Ве известуваме дека Централниот одбор на Синдикат на Македонска пошта (СМП) и Извршниот одбор на Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија (СОПСМ) на ден 31.03.2022 година донесоа одлука за започнување на генерален штрајк.

Причините за започнување на генерален штрајк се однесуваат на загриженоста кај над 2200 вработените за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, незадоволството од нереализирање на барањето на линерно покачување на нето платите на вработените во висина од 3.000 денари кои не се покачени повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно необезбедување на средства за работа , незадоволство на вработените од постоечката систематизација и нереализирање на дел од барањата на вработените и Синдикалните организации наведени во Заклучоците од 15.10.2021годиина .

Барањата на вработните-членови на Синдикалните организации на штрајкот се

  • итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработени во износ од 3000 денари согласно барањето од 08.02.2022 год. доставено до Управен одбор;
  • зачувување на работните места
  • зачувување на иднината на нашата компанијата
  • обезбедување средства и за редовна исплата на плата
  • итна санација на објекти, обезбедување стандардни услови за работа, и обезбедување неопходни средства и опрема за работа
  • итно започнување постапка за нова систематизација со учество на синдикатите во нејзиното изготвување;
  • реализација на сите заклучоци донесени на ден 15.10.2021 година .

Со оглед на законското определување на времетраењето на постапката за помирување, штрајкот ќе биде во мирување до нејзиното завршување.

Доколку не успеме да ги решиме взамните проблеми на мирен начин со помирувањето, Синдикатот на Мкаедонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија започнуваат со генерален штрајк на ден 14.04.2022 година со почеток во 08.00 часот, на работните места и простории кај работодавачот.

Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата на штрајкувачите, односно до склучување на спогодба.

Работата на А.Д. Пошта на Северна Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно Законот за поштенски услуги член 49 и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата на Синдикатите од страна на АД Пошта на Северна Македонија.

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...