spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Зголемена сообраќајната безбедност на улиците Јустинијан Први и Народни Херои

Град Скопје: Зголемена сообраќајната безбедност на улиците Јустинијан Први и Народни Херои

По барање на граѓаните, екипите на ЈП “Улици и патишта”- Скопје по налог на Град Скопје, во текот на изминативе денови ги поставија новите платоа за намалување на брзината на движење на возилата на две улици во општина Кисела Вода.

На улица Јустинијан Први во близина на ОУ „Климент Охридски” и на улица Народни Херои во близина на ОУ „Кирил Пејчиновиќ”, екипите ги зголемија двојно платоата, односно пoставија по уште еден пар од двете страни на коловозот со цел зголемување на безбедноста на учениците и на пешаците во овој дел на градот.

Обновувањето на сообраќајната опрема продолжува на сите сообраќајници каде што ќе има потреба за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...