spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Отворен повик – јавно советување во врска со напредни ИКТ системи...

МИОА: Отворен повик – јавно советување во врска со напредни ИКТ системи за електронско управување со документи

Министерството за информатичко општество и администрација како носечка институција за развој на информатичкото општество во нашата држава изминатите 10 години управува со централизиран систем за електронско управување со документи.

Последната надградба на системот беше направена во 2018 година преку која се воспостави модернизиран систем кој работи во клауд околина. Околу 70.000 документи на месечно ниво во 20 институции во овој систем се обработуваат и истите се распределуваат согласно систематизација на секоја институција.

Имајќи ја предвид заложбата на Владата за целосна дигитализација на институциите и нивното работење, Министерството за информатичко општество и администрација планира надградба на електронскиот систем за управување со документи за неограничен број на институции  или правни лица, со неограничен број на корисници. За да истото се реализира, потребно е соодветно ИКТ решение кое ќе ги задоволи дадените барања и обезбеди максимална доверливост и безбедност на сите податоци во системот.

Доколку Ваша компанија има експертско знаење во оваа област, без разлика дали станува збор за хардверски, софтверски или хардверски и софтверски дел, би ценеле да го слушнеме Вашето мислење и идеи како најдобро, најбрзо и најквалитетно може да воспоставиме ваков систем во нашата држава.

Пријава за заинтересираност и презентација на Вашите готови продукти во оваа област и идеи како истите можат да се употребат, може да ги доставите до 14.04.2022 година на следната меил адреса: edms@mioa.gov.mk

 

20_1196_3_20220406.pdf (mioa.gov.mk)

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

 

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела...