spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Касконе

МНР: Средба Османи – Касконе

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи оствари средба со Андреа Касконе, директор за Балкан во италијанското МНР.

Главна тема на разговорот беше европската перспектива на нашата држава, при што директорот Касконе порача дека Северна Македонија заслужува отворање на пристапните преговори за членство со Унијата, за што Италија ќе продолжи силно да се ангажира.

 Соговорниците разменија мислења и за надворешно-политичките и безбедносните приоритети на двете земји во светло на војната во Украина, како и за продлабочување на билатералната соработка во области од заемен интерес.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МП: Филков- Оцука – Довербата во правосудството е основа за зајакнување...

0
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Јапонија,  Казуја Оцука на која се дискутираше за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот...