spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи со економските советници во посета на општините

МНР: Османи со економските советници во посета на општините

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со економските советници, кои во рамките на економската дипломатија се назначени да отпатуваат за Вашрава, (Вишеградската група), Минхен (Германија и Австрија), Анкара за Турција и Абу Даби за ОАЕ и другите земји од Заливот,  ја посети општина Тетово. Освен претставниците на локаната власт, беше остварена посета и на слободната економска зона во Тетово, фабриката за млеко и млечни производи Алпи Милк како и други места со економски и туристички потенцијал.

Преку оваа посета ги разгледавме можностите, потенцијалите но и потребите кои ги има локалната власт за да можеме преку економската дипломатија и преку економските советници да придонесеме за понатамошен развој и привлекување на инвестиции, зголемување на извозот и промоција на туризмот“, истакна Министерот Османи, додавајќи дека во последните години општините имаат зголемени надлежности, особено во управувањето со државното земјиште и затоа е потребна поблиска меѓусебна соработка која ќе придонесе за поголема промоција на локалните потенцијали. Османи посочи на поширокиот план за посети од страна на претставниците на економската дипломатија на повеќе поголеми општини.

 

Покрај денешната посета на Тетово, слични посети веќе се предвидено во повеќето поголеми градови на земјата, продолжувајќи со Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Крушево, Кавадарци, Штип, Виница, Берово, Струмица, Дојран и Гевгелија. Целта на овие посети и среди е економските советници да стекнат поблизок однос со регионалните бизнис потреби, да добијат попрецизна слика за потребите на општините, да се запознаат одблиску со нивните капацитети за зголемување на извозот, можностите за странски инвестиции како и развој на туризмот.

Инаку, економските советници досега следеа три фази на подготовка и ова е последната фаза. Првично имаа подготовки во рамките Министерството за надворешни работи, потоа ги посетија и имаа консултации со сите релевантни министерства и институции поврзани со економијата на централно ниво, а во третата фаза имаа теоретски предавања од еминентни професори по економија. Оваа последната фаза предвидува посета на општините и запознавање со можностите и потребите на локалната самоуправа.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...