spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали на отворање на новиот производствен погон на Реплек

МЗ: Министерот Сали на отворање на новиот производствен погон на Реплек

Министерот за здравство, Беким Сали вчера присуствуваше на отворањето на новиот производствен погон на Реплек.

-Оваа инвестиција е дополнителен придонес кон зајакнување на капацитети на нашата држава, во лекови, но и во квалификувани човечки ресурси, истакна министерот Сали во своето обраќање во рамки на овој настан, истакнавајќи го значењето на соработката во насока на подобрување на услугите во здравствениот сектор.

– За таа цел во постојана комуникација сме со сите наши партнери и инволвирани страни, бидејќи само преку интензивна соработка можеме да ја постигнеме нашата цел – поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани.

Кризата ни покажа дека соработката и грижата за заедницата во целина е клучна, но и дека е многу важно да се потпреме на сопствените капацитети за да го заштитиме нашето здравје, здравјето на нашите граѓани, посочи Сали во своето обраќање на настанот по повод отворањето на новиот производствен погон на Реплек.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МП: Филков – Комората на вештаци стана функционална, обезбедуваме поголема транспарентност,...

0
Министерот за правда Игор Филков и претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар на прес конференција соопштија дека со запишувањето на Комората на вештаци...