Во денешното гостување во Дневникот на Сите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со планот на Владата за 8-те милијарди евра инвестиции, истакна дека хартијата може да трпи се, Заев е политички измамник, тој и власта на СДСМ за четири години немаат осум шајки заковано, а не да реализираат осум милијарди евра.
-Оптоварени со многу криминал и корупција, со многу проблеми внатрешни со коишто живеат, во отсуство на реални проекти изминативе четири години, бидејќи утре е точно четири години од првата влада на СДСМ и Зоран Заев од 2017 година, во отсуство на нешто позитивно претпоставувам советниците на Зоран Заев му рекле дека ќе состават на хартија некој план, но хартијата трпи се, на неа можат да напишат и 800 милијарди, но прашањето е што е тоа логично, што е од тоа реално и што од тоа не беше содржано од тие 5 милијарди од 2019 година, појасни Мицкоски.
Тој критикуваше дека власта нема заковано осум шајки, па камо ли осум милијарди, за кои треба да се има знаење, проекти и план, но и јасна методологија.
-Секој којшто се занимава со проектен менаџмент во реалниот сектор знае дека за да осум милијарди евра се реализираат треба се’ да се има обезбедено, треба да се има финансиска конструкција од најмалку 50% повеќе од тие осум милијарди, тоа се дванаесет милијарди евра, поделени на шест години тоа е се два милијарди евра, доколку Зоран Заев потроши 10% од овие пари и да ги реализира, јас сум тој којшто прв ќе кажам секоја чест, вели Мицкоски.
Мицкоски вели дека Заев не успеaја ни 5% проценти од ветените инвестиции да реализира како капитални инвестиции, а камо ли за шест години да очекуваме да реализира 20-тина пати повеќе, па по тоа ова е една голема лага со која власта се обидува да ги прикрие тековните скандали и корупција, како и тоа дека веќе никој не верува во политичките измамници од власта.
Јас би го ставил премиерот Зоран Заев во групата на политички измамници, не верува никој во овие осум милијарди евра, жалам што сум толку дефетистички расположен, но гледајќи го капацитетот на овие луѓе, тој е катастрофален, вели Мицкоски.
Извор: ВМРО