spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЗаев е спремен да потпише се' со Бугарија, прашањето е дали тоа...

Заев е спремен да потпише се’ со Бугарија, прашањето е дали тоа за Бугарија е прифатливо

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и лошите владини политики во однос преговорите со Република Бугарија.

 

ВМРО-ДПМНЕ посакува датум во јуни, но за жал такво нешто најверојатно не е возможно поради тоа што Европската унија гледа до кој степен во нашата земја владеат криминалот и корупцијата, а тоа сигурно не се вредностите кои што ќе и помогнат на Република Македонија на патот кон евроинтеграциите, вели Мицкоски.

 

“Зоран Заев изминатите години покажа како не треба да се водат преговорите, поради тоа што во сите процеси кои што беа започнати, единствена страна со претрпена штета е Република Македонија и нејзините граѓани. Националниот идентитет е клекнат на колена само поради тоа што Заев ја стави на распродажба државата и нејзината историја. Сите знаеме дека Зоран Заев е спремен се да потпише со Република Бугарија само да се додвори пак со раката на срце, но овој пат не знаеме што и дали ќе прифати другата страна”, додава Мицкоски.

 

ВМРО-ДПМНЕ и во изминатите неколку денови застана цврсто на ставот дека нема да поддржи никаква дополнителна измена или отстапка во преговорите со Бугарија, бидејќи Република Македонија отстапи многу повеќе од што смееше да се дозволи. За ваквиот став беше известен и Европскиот совет кој треба да почне реално да гледа на работите и да престане со притисокот врз државата. Република Македонија е земја која што заслужува да биде дел од европското семејство, но не смее да се дозволи ваква власт да продолжи да ја урнисува земјата, бидејќи така Европската унија ќе остане недостижна, заврши Мицкоски.

Извор: ВМРО

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...