spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: ПОВИК за прибирање на фотографии со мотиви од старо Пехчево

Пехчево: ПОВИК за прибирање на фотографии со мотиви од старо Пехчево

Фотографиите од старо Пехчево често ги наоѓаме од повеќе места, колекционери на фотографии, семејни фото албуми, книги, фотографии кој се прикачуваат на социјални мрежи, итн, а со цел прибирање на овие фотографии на едно место општина Пехчево, објавува повик до сите граѓани кои поседуваат било какви слики од старо Пехчево, (спомени од минатото – културни, историски и природни убавини), предмети, писмо итн… да ги достават до локалната самоуправа, со цел прибирање на истите, печатење и организирање на изложба за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2022 година. По завршувањето на изложбата истите ќе бидат поставени во Домот на културата „Јане Сандански’’.

Живко Каликов од општина Пехчево истакнува дека секоја слика ја зборува својата приказна од далечното минато и идејата е оживување на старите фотографии со организирање на изложба и архивирање на спомените од минатото, а целта е афирмација и промоција на Пехчево од минатото до денес.

Секоја слика, предмет, писмо ја зборува својата приказна од далечното минато и оттука се роди идејата за една ваква изложба и потребата од архивирање на спомените од минатото во Пехчево и местата кој се во непосредна близина, и оживување на старите фоторафии, додека целта е афирмација и промоција на Пехчево од минатото до денес со што секој Пехчевец или вљубеник во Пехчево го чувствува како нешто свое, бидејќи општината припаѓа на сите нас, независно на верата, националноста или политичките убедувања. Тое е љубов кон Пехчево, а таа постои во секој пехчевец.., рече Живко Каликов.

Тој додава дека секој граѓанин или посетител може да остави свој белег на оваа изложба.

Во овој повик „Пехчево низ фотографии и спомени“ секој граѓанин или посетител може да остави свој белег, односно свој печат во истата. Се надеваме дека кај секој граѓанин на општина Пехчево и пошироко таа наша иницијатива ќе наиде на воодушевување и ќе ги добиеме овие фотографии и спомени за Пехчево. Пехчево како административно значаен град бил цел и на многу патеписци па од тука можеби располагаме и со фотографии од последните години од 19 век, додава Каликов.

Фотографиите се доставуваат директно во Архивата на општина Пехчево на кои ќе може да се направи прием во Архивата на општина Пехчево, за да може да бидат вратени на сопственикот или на email: gradonacalnik@pehcevo.gov.mk  или  opstina_pehcevo@t.mk

Рокот на поднесување на фотографиите е до 05.05.2022 година.

Инаку, овој повик е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Пехчево, Одделението за ЛЕР при општина Пехчево.

 

 

Извор: Општина Пехчево 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...