spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Илинден: Голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Општина Илинден организира голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”, за донација на храна и хигиенски средства.

Целта на оваа голема хуманитарна акција е да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден, велигденските празници да ги прослават достојно како и останатите граѓани. Христовото воскресение е празнување на вечниот живот и вечната радост, па за овој празник да внесеме надеж во домовите на луѓето на кои единствено надежта и вербата им останале.

Општина Илинден ги поканува сите општествено одговорни компании да земат учество во хуманитарната акција со цел сите заедно да придонесеме за подигнување на свеста за потребната меѓусебна поддршка и помош на ранливите групи.

Сите заентересирани општествено одговорни компании кои сакаат да се приклучат во акцијата, можат да се обратат директно во Општина Илинден или на телефонскиот број: 02/2571-703 или 02/2571-704.

„Подај рака-хумана општина Илинден“

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...