На 28 Април 2022 година, НАТО во соработка со Центарот за Европска политика и анализи (CEPA) организира онлајн Самит за млади со наслов „Обезбедување на нашата заедничка иднина“ кој има за цел да ги обедини младите лидери низ Европа, Северна Америка и пошироко, во дискусија и истражување на актуелни теми кои се од суштинска важност за глобалната безбедност.
НАТО цени дека младите лидери имаат суштинска улога во адресирање на новите безбедносни предизвици – климатските промени, дезинформациите, пролиферацијата на оружје, хуманитарните кризи, новите технологии и сајбер заканите, кои се на агендата на Алијансата во новиот свет кој младите ќе го наследат. Од тие причини, на самитот, младите лидери (активисти, артисти и лидери во ИТ секторот) заедно со НАТО претставници, ќе имаат прилика да искажат свое видување за идната стратегија на Алијансата и за новиот стратешки концепт за кој ќе се разговара на следниот Самит на шефови на Влади и Држави на Алијансата во Јуни 2022 во Мадрид.
На следниот линк: https://cepa.org/events/nato-youth-summit-2022/, можат да се најдат сите дополнителни информации за онлајн Самитот (програма, начин на регистрација и сл.)