spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМК: Во КИЦ во Софија Мајски средби на словенските творци

МК: Во КИЦ во Софија Мајски средби на словенските творци

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија во саботата, македонски и бугарски поети учествуваа на 15-тото издание на Мајски средби на словенските творци „Свето Слово“ Бургас.

 

Овој настан е завршница на програмата на годинашниот поетски маратон, кој секоја година се одржува во Бургас.

 

Се претставија истакнати талентирани автори од Северна Македонија, Даниела Андоновска-Трајковска, Соња Серафимовска и Ѓорги Калајџиев, како и бугарските поети Роза Бојанова и Наталија Недјалкова.

Бојанова, една од основачите на „Свето слово“,  ја претстави својата книга „Обратна гравитација“, која неодамна ја објави издавачката куќа „Макавеј“ Скопје, во превод на Бранко Цветкоски. Наталија Неделкова читаше песни од нејзината стихозбирка „Стапица за поетски соништа“, напишана на македонски јазик со нејзин креативен псевдоним Зум Була и издадена од „Либра Скорп“ -Бургас. Рецензент е Ѓорги Калајџиев.

На отворањето на настанот, директорот на КИЦ Сашко Насев рече дека соработката прераснала во вистинско пријателство меѓу поетите од Македонија и од Бугарија.

Извор: Министерство за култура

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...