spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Паркинзи за велосипеди во сите станбени, деловни и јавни објекти

Аеродром: Паркинзи за велосипеди во сите станбени, деловни и јавни објекти

Инвеститорите во Општина Аеродром во рамки на градежните парцели во иднина ќе мора да планираат паркинзи за велосипеди при изградба на сите нови станбени, деловни и јавни објекти.

Оваа одлука на последната седница ја донесе Советот на Општина Аеродром во согласност со Законот за градење, Законот за локална самоуправа и соодветниот Правилник за урбанистичко планирање како една од конкретните мерки за заштита на животната средина.

Општина Аеродром има за цел да го поттикне користењето на велосипедите како превозно средство преку овозможување услови за нивно користење и паркирање, односно преку обезбедување доволен број паркинг места и соодветна инфраструктура за безбедно движење.

Со користењето на алтернативни средства за превоз, придонесуваме за здрава животна средина, активен живот и намалување на проблемот со сообраќајниот метеж.

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...