spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Oсмани на Форумот за односите меѓу Европската унија и Балканот

МНР: Oсмани на Форумот за односите меѓу Европската унија и Балканот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера учествуваше на Форумот за односите меѓу Европската унија и Балканот (EU meets Balkans), во организација на АЛДЕ – Алијансата на либерали и демократи за Европа, Атланскиот совет на Бугарија и Европскиот либерален форум и кофинансиран од Европскиот парламент, а на кој учествуваат политичари, високи официјални претставници од ЕУ и од регионот и експерти.

Министерот Османи имаше обраќање на панелот под наслов „Придобивки од интеграцијата“, на кој, модерирани од поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Фередика Могерини, настапија и министерките за надворешни работи од Албанија и Косово, замениците министри за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Турција и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Во своето излагање, министерот Османи се осврна на актуелниот геополитички моментум во Европа и неговиот ефект со пошироки последици за Балканот од аспект на безбедноста, стабилноста и економската состојба, но и во светло на евроинтегративните процеси на државите од регионот.

„Во седмиците што следат, одлуките донесени на ниво на ЕУ ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан и неговата ЕУ перспектива. Секое натамошното одложување на овој пат може да има сериозни регионални последици“, потенцира министерот Османи.

Порачувајќи дека евроинтеграцијата значи подобро справување со заедничките предизвици и уште поважно запечатување на припадноста во семејството на слободниот, демократски и прогресивен свет, министерот Османи истакна: „Придобивките од интеграцијата во ЕУ се повеќекратни и ние ги живееме речиси 20 години, но тие треба да продолжат, да се негуваат и да се доведат на повисоко ниво – почеток на пристапните преговори, што следствено ќе има поголем трансформативен и мобилизациски ефект“.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...