spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на средби во Бундестагот

МНР: Османи на средби во Бундестагот

Во рамки на работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера оствари средби во Бундестагот, и тоа со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања.
Во фокусот на разговорите беше европското досие на нашата држава и неопходноста од одлучни чекори од страна на ЕУ во однос на евроинтегративните процеси на државите од Западен Балкан, со оглед на новите геополитички ризици кои го демнат и регионот.
 
„Со отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ја демонстрира својата геостратешка насока и следствено ќе ја зацврсти заедничката европска безбедносна архитектура“, порача министерот Османи.
 
Од соговорниците е добиена потврда за конзистентното германско ангажирање и поддржување на европскиот пат на Северна Македонија со цел задржување на кредибилитетот на Европската унија во регионот.

Прочитајте

МНР: Соопштение

0
Почитувани, Министерството за надворешни работи ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на Уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што...