spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: 100 дена Влада - Континуирана поддршка за развој на општините -...

МЛС: 100 дена Влада – Континуирана поддршка за развој на општините – 2 јавни повици за нови проекти и се одобрени 48 проекти за прекугранична соработка од 20 милиони евра

Општините и другите субјекти од јавниот и од граѓанскиот сектор имаат можност да аплицираат со нови проекти кои што се финансирани од ИПА Програмите за прекугранична и територијална соработка на Европската Унија, а ги кофинансира Министерството за локална самоуправа.

Јавниот повик за проекти од Програмата за територијална соработка Еуро-Мед е отворен до 24 мај, а јавниот повик за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија е отворен до 8 јуни. Сите одобрени проекти ќе бидат кофинансирани од Министерството за локална самоуправа во износ од 15%.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави дека за неколку дена ќе бидат потпишани и првите 8 договори од одобрените 22 проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, во вкупен износ од 7,2 милиони евра. Проектите ќе се имплементираат во Битола, Неготино, Конче, Струмица, Штип, Градско.

Министерството за локална самоуправа во континуитет го поддржува развојот на општините и на планските региони со финансирање и кофинансирање на проекти во сите општини преку буџетските програми за рамномерен регионален развој и за намалување на диспаритетите меѓу планските региони, преку кофинансирање на проектите за прекугранична соработка и на проектите кои што се имплементираат со поддршка на донаторската заедница.

Само оваа година се склучени договори за кофинансирање на 8 проекти од Програмата „ЕУ за општините” во вкупна вредност од 5,5 милиони евра во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Скопје, Врапчиште, Охрид, и во Струмица, 11 проекти од Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија во вредност од 6 милиони евра, со кои се подобруваат условите за живеење во Охрид, Битола, Могила, Демир Хисар, Маврово и Ростуша, во Крушево, Ресен, во Струга, во Врапчиште и во Боговиње и 7 проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Србија во вкупна вредност од 1.236.000 евра.

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...