spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Постои замор од постојаното одложување, потребни се храбри одлуки

МНР: Постои замор од постојаното одложување, потребни се храбри одлуки

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји кој е во работна посета на Скопје.

Во фокусот на разговорите беше европското досие на нашата држава, во пресрет на јунските совети и очекувањата за нужен исчекор во поглед на отпочнувањето на пристапните преговори, особено во дадениот момент.

Соговорниците се согласија дека новите геополитички околности налагаат потврдување на политиката на проширувањето како геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економска благосостојба на целиот европски континент.

„Северна Македонија досега покажа исклучително ниво на посветеност за напредокот на земјата на нејзиниот пат кон Европската Унија. Дополнително, постигнавме 100% ниво на усогласување на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.Време е и Европската унија да пружи рака кон државите од Западен Балкан и јасно да демонстрира дека иднината на регионот е европска. Регионот е сѐ повеќе уморен од чекање, со што страда кредибилитетот на Европската унија“, порача Османи.

На средбата стана збор и за напорите во надминувањето на разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија, како приоритет да се одблокира нашиот пат кон ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...