Работeн состанок со претставници од СВР – Скопје – одделение за превенција и Секторот за правни и општи работи – одделение за месна самоуправа, заштита и спасување се одржа денес во просториите на oпштина Гази Баба, а во врска со Планот за преземање активности за општа безбедност, намалување на имотните деликти,општиот криминалитет, како и едукација на граѓаните за заштита од пожари,сообраќајна култура и сл.
Претставниците од СВР Скопје и ПС Гази Баба, секретарите на УЗ и МЗ од општина Гази Баба и претставници на општинската администрација во рамките на проектот “Превенција од имотни деликти” разговараа за спроведување и реализација на препораки и начини за самозаштита во дадени ситуации на граѓаните.
Ќе се обезбедат едукативни материјали до секоја УЗ и МЗ кои ќе бидат доставени до граѓаните, кои пак ќе можат до секретарите да достават предлози, барања и сугестии за намалување на деликтите и подобрување на безбедносната состојба во своето маало.
Дополнително ќе се организираат средби со граѓани во секое населено место каде ќе присуствува реонски полицаец и претставници од општината на која секој жител ќе може да присуствува и да дискутира за својот проблем.Општина Гази Баба и СВР Скопје ќе овозможат поголема достапност и транспарентност за граѓаните, како би чувствувале поголема безбедност.
Меѓу другото на овие состаноци граѓаните ќе добијат и едукација за правилно движење на сите учесници во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила кое е од особена важност за соодветна превенција од несреќи и немили настани.
Динамиката за одржување на средбите со граѓани ќе ги најавуваме однапред на веб страната и социјалните мрежи за навремено информирање на населението.
Извор: Општина Гази Баба