Врз основа на член 50 став 1 и член 52-а став 2 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 и 3 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19,) член 1 и 2 од Правилник за дополнување на Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 88/21) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2021 година бр.15-8298/1 од 31.05.2021 година, Министерството за образование и наука распишува:
К О Н К У Р С
за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2021 година
- Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2021 година.
- Право на средствата за организација на научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).
- Пријавата за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири, како и пропратната документација ги поднесува организаторот на научниот собир.
- Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:
- пополнета пријава со потпис од овластен потписник и печат, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;
- одлука од организаторот за одржување на научен собир;
- одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир и
- програма за работа на научниот собир со број на учесници
- Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс. Ненавремена и некомплетно доставена документација нема да се разгледува.
- Доколку организаторот на научниот собир организира научен собир со примена на средства за електронска комуникација на некоја од достапните комуникациски платформи се доставува доказ дека научниот собир е организиран со примена на средства за електронска комуникација и листа на учесници присутни на одржаниот научен собир.
- Организаторот на научниот собир доставува покана за учество на научниот собир до претставник од Министерството за образование и наука.
- Организаторот на научниот собир е должен до Министерството за образование и наука да достави Извештај со спецификација на направените трошоци и два примерока од зборникот на трудови најдоцна шест месеци од одржување на научниот собир.
- Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
- Домашните научни истражувачи кои се учесници на одржаните научни собири и организаторот на научниот собир се согласуваат:
-да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;
– да го објават зборникот на трудови (согласно авторските права на издавачот) во репозиториумот на матичниот факултет/научна установа/универзитет најдоцна шест месеци од одржувањето на собирот;
– трудовите, исто така, треба да бидат вклучени во Репрезентативната или Персоналната библиографија на авторите во националниот E-CRIS.МК систем;
Линк за E-CRIS.МК: https://e-cris.mk.cobiss.net/public/jqm/cris.aspx?lang=mac&opdescr=home&opt=1
- Пријавите и документите наведени во точка 5и 6 на овој Конкурс почнувајќи од 01.06.2021 година заклучно со 26.11.2021 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
Олга Дуковска Атов, канцеларија број 1410 или на телефон 02-3140-185
Рејхане Исмаили, канцеларија број број 1408 или на телефон 02-3140-183