Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски имаше состаноци со одделението за месна самоуправа и со одделението за енергетска ефикасност на кои се разговараше за воведување нови мерки за штедење на електрична енергија во уличното осветлување.
На средбата со секретарите на урбаните заедници на градоначалникот му беа пренесени, разгледани и прифатени предлозите на граѓаните кои предвидуваат исклучување на секоја втора светилка во периодот од 19.45 часот навечер до 4.30 часот наутро.
Го разгледувавме предлогот на секретарите на урбаните заедници дали може да свети секоја втора светилка од уличното осветлување. Го повикав одделението за енергетска ефикасност, како и фирмата која го одржува осветлувањето да видиме дали постои таква техничка можност. Ме уверија дека постои техничка можност. Тоа значи дека веќе овој викенд ќе воведеме промена на мерката за штедење, рече градоначалникот Јакимовски.
Извор: Општина Карпош