HomeОпштиниИлинден: Општествено одговорни компании учествуваа во уредување на парк и игралиште

Илинден: Општествено одговорни компании учествуваа во уредување на парк и игралиште

spot_img
spot_img

Во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓанитете општина Илинден ја продолжува досегашната успешна соработка со бизнис сектортот во повеќе области на општественото живеење.

Како оопштествено одговорни компании Сава осигурување а.д. Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје, со своите вработени учествуваа во акцијата за засадување на повеќе садници во местото Плац, во населба Илинден.

Притоа, во рамките на нивната донација поставени се нова табла со кош и рефлектори на игралиштето за баскет, детски реквизити, поставена е урбана опрема, а извршено е и бојадисување на двата трансформатора во близина, како и на постоечката маса и клупи до игралиштето.

Заедно со претставниците на овие две општествено одговорни компании, садници засади и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Притоа, градоначалникот Георгиевски им се заблагодари на претставниците на Сава осигурување а.д. Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје за нивната поддршка, изразувајќи надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.

Оваа донација е продолжување на низата успешни проекти кои досега се реализираа како резултат на соработката меѓу бизнис секторот и општина Илинден.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте