spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина...

Град Скопје: Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош

Реконструкцијата на пешачката патека на улицата Љубљанска е во тек, а екипите на ЈП Улици и патишта деновиве го асфалтираа потегот од улицата Волгоградска кон улицата Разловечко востание, на површина од 550 квадратни метри.

Пешачката патека се реконструира на вкупна површина од 2300 квадратни метри, во насока од булевар Партизански одреди до булеварот Илинден, а досега се реконструирани и асфалтирани околу 1000 квадратни метри. Во наредниот период, градежните активности продолжуваат на потегот од улицата Разловечко востание до булевар Илинден.

Со обновувањето на пешачката патека ќе се олесни движењето на пешаците на овој потег и и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во овој дел на градот.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...