spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити учествуваше на ,,Меѓународната регулаторна конференција 2022“во Охрид

МИОА: Министерот Алити учествуваше на ,,Меѓународната регулаторна конференција 2022“во Охрид

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити учествуваше на ,,Меѓународната регулаторна конференција 2022“, во Охрид, во организација на Агенцијата за електронски комуникации(АЕК).

Во своето воведно обраќање, министерот Алити ја истакна важноста од соработката меѓу владините институции, академската заедница и приватниот сектор и говореше за потребата од соработка меѓу државите, за успешно спроведување на процесите.

Дводневната конференција се одржува под слоганот: ,,Предизвици кон гигабитното општество“, и овозможува широка платформа за конструктивни дискусии меѓу учесниците и сите засегнати страни.

Учесниците имаат можност да разменат искуства и да дискутираат за современите технологии и новите трендови. Меѓу темите за коишто се разговара, се тековните состојби на пазарот, регулатори, анализи и предизвици во однос на роаминг услугите, 5г технологија, сајбер безбедност и безбедносни стратегии, широкопојасен интернет.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...