spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба со Царинската управа

МИОА: Работна средба со Царинската управа

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити  оствари работна средба со директорката на Царинската управа Славица Кутиров и со заменик директорот Муарем Асани.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката која е оценета како успешна, како и за тековните состојби во однос на дигитализација на услугите и унапредување на нивната работа. Меѓу темите на коишто се осврнаа, беше Интероперабилноста, Централниот регистар и Националниот систем за управување со документи- ДМС.

Соговорниците ја истакнаа заложбата за градење на капацитети кои ќе доведат до ефикасно, транспарентно и отчетно работење. Активностите за соработка ќе се интензивираат и за таа цел ќе се формираат работни групи од двете страни.

Дигитализацијата како процес е многу важен, им носи бенефит на граѓаните и деловните субјекти и доведува до поголема ефикасност на администрацијата и поквалитетни услуги- беше констатирано на средбата.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...