spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Работна средба со Н.Е. Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија...

Гази Баба: Работна средба со Н.Е. Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија

Вчера градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со Н.Е. Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

На средбата присуствуваа и претставници од Земјоделски Институт – УКИМ Скопје, директорот проф. д-р Виктор Ѓамовски и проф. д-р Марија Ѓошева – Ковачевиќ, пред кои ја презентиравме стратешката иницијатива на општина Гази Баба и Земјоделскиот Институт за основање на Иновативен Центар на скопскиот плански регион.

Побаравме поддршка од Амбасадорот Милан Предан да помогне во поврзувањето со слични такви институции во Словенија, а со цел размена на искуства и најдобри практики во функцонирањето на таква институција.

Исто така, тие разговараа и за можноста општина Гази Баба да се збратими со општини од Република Словенија, со цел културна, економска и образовна соработка, како и подготовка и аплицирање на проекти во европските фондови.

Од друга страна, Земјоделскиот Институт побара поддршка од Амбасадорот за поврзување со градот Марибор и Институтот за земјоделие со седиште во Марибор, за научна и проектна соработка од сферата на smart земјоделие и агротуризмот.

На средбата се договори и заедничка еколошка акција за чистење на парк шумата Гази Баба, а со вклучување на општина Гази Баба и учениците од основните училишта во Гази Баба, Земјоделски Институт со својот персонал, како и Амбасадата на Република Словенија предводена од Н.Е. Милан Предан Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...