spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Се гради пристапна рампа кон пешачкиот мост во Сарај за...

Град Скопје: Се гради пристапна рампа кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве интензивно работат на изградба на рампа за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај.

Пристапната рампа е поставена паралелно со скалите. Во тек се подготовките за бетонирање.

Со изградбата на оваа рампа ќе се овозможи полесен пристап до мостот во Сарај за сите граѓани, за лицата со потешкотии во движењето, за родителите со мали деца, велосипедистите и за рекреативците. Изградбата на рампата се очекува да заврши до крајот на месецов.

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...