spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Анализа на искористеност на финансиската поддршка за месец Февруари и Март

УЈП: Анализа на искористеност на финансиската поддршка за месец Февруари и Март

На денешната Прес конференција, Директорката на Управата за јавни приходи ја информираше јавноста за искористеноста на мерката – финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година како, и за неисплатените плати од страна на компаниите кои ја добиле оваа финансиска поддршка, а истата не ја исплатиле на работниците.

За февруари на 11 694 работодавачи е исплатено 851 157 045 денари, за 53 348 вработени, а за март на 11 197 работодавачи исплатено е 808 322 501 денари за 50 876 вработени.

Од овие работодавачи рече Лукаревска – 181 работодавачи за некој од месеците февруари и март не исплатиле плата на своите вработени, од кои 157 работодавачи не исплатиле плата за еден месец а 24 не исплатиле плата за двата месеци. Не се исплатени вкупно 753 месечни плати. Одобрената а неисплатена финансиска поддршка е во износ од 2 738 715 денари за месец февруари и 9 333 193 денари за месец март, или во вкупен износ од 12 071 908 денари, оваа состојба е заклучно со 31.05.2021 година.

Работодавачите се од дејностите: 61 од дејноста подготовка на оброци и служење на храна примиле финансиска помош во износ од 2.984.871 денари и не исплатиле плата на 198 вработени, 33 од дејноста трговија на мало, кои примиле финансиска помош во износ од 1.359.389 денари и не исплатиле плата на 87 вработени, 24 од дејноста копнен транспорт кои примиле финансиска помош во износ од 1.163.608 денари и не исплатиле плата на 77 вработени. Тука влегуваат и дејностите: Специјализирани градежни дејности, Други услужни дејности, Трговија на големо и мало со моторни возила и моторцикли и поправка на моторни возила и моторцикли и Правни и сметководствени дејности.

По региони најмногу обврзници што не исплатиле плата се од: Скопје – 71 обврзници, Тетово – 53 обврзници и Битола со 27 обврзници.

На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени се опомени за неисплатена плата, а по истекот на рокот за плаќање по опомена се започнува постапка на присилна наплата на долгот по МПИН пресметката. Согласно Законот во ваков случај се предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 10.000 евра во денарска противвредност во зависност од големината на првното лице.

По однос на компаниите кои не ја исплатија платата за месеците април, мај и јуни 2020 година, како и октомври, ноември и декември 2020 година, Директорката истакна дека е спроведена присилна наплата заради неисплатена плата. Платата сè уште не е исплатиле 117 работодавачи, од кои 94 немаат исплатено плата само за еден месец, 18 работодавачи немаат исплатено плата за два месеци и 5 работодавачи немаат исплатено плата за три месеци. Неисплатените плати се однесуваат за 356 вработени, а за истите е одобрена финансиска помош во вкупен износ од 5 084 663 денари.

Согласно законските одредби предвидена е глоба доколку работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати, за вработениот не исплатил плата најмалку до износот на примената финансиска поддршка. УЈП изготви записници за сторен прекршок и прекршочни платни налози за правното лице и за одговорното лице кај правното лице за вкупно 35 даночни обврзници, и тоа: 12 од РД Скопје, 3 од РД Битола, 7 од РД Прилеп, 1 од РД Струмица, 8 од РД Тетово и 4 од РД Штип. За даночните обврзници кои не ја прифатија постапката за порамнување, поднесени се барања за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.

Директорката истакна дека листата на компании кои примиле износ на финансиска поддршка за месеците февруари и март, а не ја исплатиле платата на работниците, ќе се достави до Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, за јавна и транспарентна објава на неплаќачите.

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...