Во рамките на Регионалната конференција во Шибеник, Република Хрватска, двајцата министри изразија задоволство од одличната соработка меѓу двете земји во делот на примената на повеќе билатерални договори со кои е целосно регулирана меѓународната правна помош меѓу двете држави.
Министрите за правда ја нагласија досегашната соработка како значајна основа за проширување и подобрување на рамката на истата меѓу двете земји преку активности на размена на искуства и најдобри пракси во повеќе области од надлежност на министерствата, а особено во делот на подготовката на националните стратешки документи и обезбедувањето имплементација на активностите предвидени со реформските процеси со правосудствата на РСМ и БиХ.
Извор: Министерство за правда