spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Ги мапираме Самохраните родители

Карпош: Ги мапираме Самохраните родители

Општина Карпош почна со мапирање на самохраните родители и еднородителски семејства од нејзина територија.

Жителите на Карпош кои припаѓаат на оваа категорија граѓани може да аплицираат на јавниот оглас кој е поставен на интернет страницата на Општината на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1Uac8ceA7GOt5SDOvnWKRmfZ-fHQmMMBKHxoETaL7jb0/viewform?ed

Оваа социјална активност од сферата на еднакви можности на жените и мажите се одвива во соработка со Здружението за еднакви можности „Една може“ со седиште во општина Карпош, а е дел од проектот „Институционална поддршка од Цивика Мобилитас“.

За таа цел, во Општина Карпош беше потпишан и Меморандум за соработка во насока на поддршка на самохрани родители и еднородителски семејства, кој ќе овозможи пристап до информации, пружање помош при обезбедување на правата на самохрани родители и еднородителски семејства во сите сегменти на животот, нивна инклузија, како и подигнување на јавната свест и одговорност за оваа категорија граѓани.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...